Trajanov

Пронајди сродна, во свет продадени души.
Последниот дроп
Често поставувани прашања
Нарачка
Кога можам да купам?
Само додека трае дроп. Меѓу дроповите нарачките се затворени, но сè може да се разгледа. За следниот дроп, следи го @trajanovv2026 на Инстаграм.
Како плаќам?
Готовина при преземање, кога пратката ќе пристигне. Нема картички, нема банкарски трансфер, нема плаќање однапред.
Колку парчиња можам да нарачам?
Колку што има на залиха. Нема ограничување по нарачка — залихата е вистинска и ограничена, па кога ќе се распродаде, готово е.
Достава
Каде испорачувате?
Само во Северна Македонија. Нема испорака во странство.
Колку трае доставата?
Рок на достава: 3–5 работни дена. Цената на доставата е 200 ден. Плаќаш готовина на врата.
Што се случува откако ќе нарачам?
Нарачката ја резервира залихата 48 часа — не се продава веднаш. Те бараме телефонски за да ја потврдиме. Ако не те фатиме, резервацијата истекува и парчето се враќа во продажба.
Парчињата
Кои величини ги има?
Величините стојат на страницата на секое парче, а додека трае дроп, таму се гледа и што е сè уште достапно. Маиците се со оверсајз унисекс крој. Точни мерки во сантиметри сè уште не се објавени.
Зошто парчињата се толку малку?
Секој дроп е од 3 до 5 производи, во ограничен број. Кога ќе пишува „Распродадено“, навистина е распродадено: секоја нарачка се брои веднаш штом ќе се направи.
Друго прашање? Пиши или јави се →


